Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда и праведност. За да имаат кредибилитет да зборуваат за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ХристијанМицкоски прво треба да се оградат од криминалите на нивниот почесен претседател, осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, велат од СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува случаи и да шири лажни вести преку кои бара алиби за изборниот пораз и очајнички да се обидуваат да добијат ситен дневнополитички поен. Изборните неправилности и поткупи беа симбол на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција. Сите исплати за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ се согласно законите, однапред испланирани, и според годишните програми.Ја охрабруваме ДКСК да продолжи со истражувања на сите процеси на вработувања во јавната и државна администрација на роднини на функционери на СДСМ но и на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.