Силјановска: Мал е процентот на жени во политиката, ова е предизвик за промена

Иако политиката е во женски род, сепак незначителен е процентот на жени во политиката и ова е предизвик за промена, им порача на вечерашниот митиг на кумановци кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО ДПМНЕ.

Според неа, ако знамето, грбот и химната се државни симболи, тогаш оние кои ја преставуваат државата, а не се тие туку ние, имаат уставна должност да го почитуваат Уставот и законот за химната.

-Гордо е и тажно да се слуша химната рече таа, но зборовите кои асоцираат на Куманово, на првата пушка на македонската нација да се себедокаже како државотворна да се сведе само на музика, рече таа.

Силјановска побара масовна мобилизација и обединетост на граѓаните за поддршка на 21 април и 5 мај, со цел да се врати правдата и правдината, посочувајќи дека сака да внесе простор за една поинаква перцепција за политиката и поинакво практикување на претседателската функција, потенцирајќи дека граѓаните го имаат нејзиниот збор а таа што ветува тоа и ќе го исполни.

-Јас ветувам дека ќе се обидам да ставам едно камче во политичкиот мозаик што се вика претседател на Република Македонија, што ќе отвори простор за поинаква перцепција на политиката, за поинакво практикување на претседателската функција, рече таа.

Целта е висока, рече таа алудријаќи на НАТО и ЕУ, истакна но додаде дека до неа не се стигнува со ниски средства и инструменти. Таа се осврна и на нерамномерниот регионален резвој во државата. – Ќе си ги освоиме и повратиме правдините, татковината, се обрати Силјановска Давкова на кумановци.

Треба да знаете
Последни објави