Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска го посети Дебар, каде со граѓаните разговараше за досега преземените реформи што ја стабилизираат економијата, напредокот во евроинтеграциите, како и за претстојните претседателски избори и локални избори во Дебар.
Со правилни економски реформи и со напредокот евроинтеграции ги поттикнуваме младите да останат дома. Конечно ја извадивме државата на вистинскиот пат, се отвораат нови добро платени работни места, само за една година се отворија над 26.000 работни места, невработеноста опадна под 20 отсто. Се грижиме за младите кои се наша иднина и преку аткивни мерки создаваме можности младите тука да останат и тука да градат иднина,истакна Спасовски.
Затоа, порача Спасовски, битно е овој напредок да продолжи. А ќе продолжи со глас за заедничкиот кандидат за пртседател Стево Пендаровски и со глас за заедничкиот кандидат за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука. Токму затоа, на овие избори во Дебар потребна е двојна победа. Да не дозволиме да се враќаме назад, да дадеме силна поддршка за Пендаровски и Дука, да продолжиме заедно напред.