Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски на својот Фејбук профил сподели анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера изврши самоубиство.
„Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини…напиша Тасевски.
https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157074499722180