Билјана Беличанец пронајдена мртва

Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, објави А1он.

Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје.

Неофицијално, според Сакам да кажам, таа е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40 часот.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави