Исповед на една жена: 365 дена апстинирав од секс, еве што научив
После разводот и раскинувањето на долгогодишната врска, оваа блогерка одлучила една цела година да помине во целибат, а еве што научила од тоа…
Пред три години блогерката Табата Вартон Мунтизингер се развела од сопругот, Пропадниот брак оставил траг врз неа, но после само неколку месеци оваа 32 годишна мајка на две деца пак се заљубила.
Меѓутоа, новата љубов завршила со болно раскинување после една година, па Табата одлучила дека е време за промени во нејзиниот љубовен живот.
Едноставно се мразев самата себеси и не го почитував моето тело. Се давав емотивно, а за возврат добивав многу малку и секој пат скапо ја плаќав цената за тоа. Поради тоа решив да изведам еден експеримент, да бидам во целибат една година.
Не сакав романтичната врска или сексот да ме спречат во тоа да си бидам емоционално сама на себе доволна и затоа одлучив една година да не излегувам на состаноци или пак да водам љубов со некој, открила блогерката,а ова се нејзините заповеди во целибатот.
1. Нема да се впуштам во романтични врски
2. Нема да се впуштам во секс без обврски
3. Нема да се жалам поради тоа што сум сама
4. Нема да барам друштво само затоа што се чувствувам осамено
5. Нема својот живот да го сведам на потрага за партнер
6. Ќе се сакам самата себеси онолку колку што можам
7. Низ тешките моменти ќе ме води љубовта кон децата и пријателите.
8. Слободното време ќе го искористам за да го подобрам својот живот, без очекувања од другите
Еве што научила блогерката после само неколку месеци од својот експеримент:
Да се живее во целибат, не значи да се живее без љубов. Не се осудувајте на живот полн со осаменост. Само пронајдете ја љубовта во нешто друго. Времето, енергијата и емоциите кои претходно ги вложував во врските, односно сексот сега ги искористив за други работи и го зајакнав односот со децата и пријателите.