Кога локални власти во Канада потфрлиле да интервенираат во поглед на неколку дупки на улици, со својот труд се вклучил 22-годишниот Канаѓанец, Џон Мекју, кој се одлучил самостојно да ги поправи и пополни дупките на патиштата.
За ваквата постапка бил мотивиран бидејќи поради дупка на пат доживеал сообраќајна незгода со автомобилот на неговата мајка.
Наместо да им пише на властите да реагираат, тој одлучил да ги земе работите во свои раце, купил опрема и ги асфалтирал дупките.
Неговите напори биле забележани од локалните жители кои за трудот му дале пари, кафе, па и марихуана, пишува „Си-би-ес њуз“.
„Да, добив многу пари. Неколку луѓе ми подарија и марихуана, што е супер“, рекол Мекју во кратка изјава.