Општина Кисела Вода утре ќе одржи комоморација за поранешната градоначалничка на општината, Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера се самоуби со бесење во својот дом.
– Почитувани, Ве известуваме дека комеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи утре, 08.04.2019, понеделник, со почеток во 15 часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода, информираат од Општината.