За Манчестер Јунајтед е приоритет да задржи две од неговите големи ѕвезди – Давид Де Хеа и Пол Погба. Голманот и халфот се поврзувани со трансфер во Реал Мадрид, а според медиумите во Шпанија, „кралевите” ќе почнат да работат на трансферот на Французинот, откако ќе ги завршат сите работи околу ѕвездата на Челзи, Еден Азар.
Ако не се договори со Реал, шпанскиот голман пак може да премине во ПСЖ, кој исто така го сака.
Сепак, од менаџментот им споделиле на двајцата играчи дека не се за продадвање, објави „Дејли мирор”. Со Погба разговарал менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер откако играчот си дозволи да изјави дека би се радувал да премине на „Сантијаго Бернабеу”.
– Не е важно какви клубови се заинтересирани за нашите играчи, бидејќи тоа е Манчестер Јунајтед. Нашата порака е јасна: Пол Погба и Давид Де Хеа не се продаваат. Тие и двајцата ќе бидат играчи на Јунајтед во следната сезона, вели извор од клубот за изданието.
На „Олд Трафорд” немаат за цел само да спречат заминување на двете ѕвезди, но и да се обидат да ги убедат да потпишат нови договори. Договорот на Де Хеа истекува по една година, а оној на Погба – во 2021 година.