МВР: Сопругот ја пронашол Беличанец обесена

Режисерот Сашо Миленковски и сопруг на актерката и поранешната градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец ја пронашол мртва сопругата, информираше МВР.

-На 06.04.2019 г.околу 22.30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави