Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешниот митинг во Радовиш, ја прокоментира изјавата на нејзиниот протвкандидат, Стево Пендаровски, кој во интервју за МИА рече дека на претходните избори не изгубил од Иванов, туку граѓаните биле натерани да гласаат за него.
-Не знам дали да се чудам да се думам или да смејам дека претседателот Иванов им украл ја победата. Замислете да украдете близу 200.000 гласови разлика. Не е можно, тоа е голема илузија на оние кои знаат дека уште еднаш ќе изгубат, па пак ќе не обвинат нас дека сме им ја украле побеадата иако тие се на власт – рече Силјановска.
Според неа по многу научени лекции и цврста решеност за промени, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ покажа далеку поголем реформски и демократски капацитет од СДСМ.
-Мене не ме избраа во некој хотел. Не би го прифатила тоа. Ние неколкумина витешки се натпреварувавме за гласовите на делегатите во демократска процедура, што е гаранција за демократски промени – додаде Силјановска.