Скопјани активни викендов: Тепачки пред гостилница, во кафуле и во перална

Скопјани викендов се тепале во гостилница, кафуле и во перална, информираше МВР.

Според полицијата, првата тепачка се случила вчера околу 10.30 часот на булеварот Илинден. Тогаш во перална дошло до нарушување на јавниот ред и мир и физичка пресметка меѓу А.Ф.(41), З.З.(43) и Е.Х.О.(40) од една страна и А.С.(27) и С.С.(48) од друга страна, сите од Скопје.

-На 06.04.2019 година во 21 часот во Полициската станица Чаир М.Ф.(33) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на улицата Втора  Македонска бригада пред гостилница бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Последниот инцидент се случил ноќеска околу 1.30 часот во кафе бар на улицата Бранко Заревски.Тогаш се степале Е.Ч.(24) и С.Р.(28), двајцата од Скопје.

По документирање на сите случаи полицијата ќе поднесе соодветни поднесоци.

 

 

Треба да знаете
Последни објави