Српскта водителка на која автобус ѝ ја откината раката се појави во јавноста

Телевизиската водителка Деа Ѓурѓевиќ излезе од болницата за првпат по сообраќајна несреќа што се случи пред два месеци, кога автобус ѝ ја откина раката.
Деа Ѓурѓевиќ попладнево го помина надвор од болничката соба и излезе надвор во паркот, додека цело време имаше широка насмевка на лицето, пренесува ПИНК.

Да потсетиме дека Деа Ѓурѓевиќ доживеа сообраќајна несреќа пред КБЦ “Драгиша Мишовиќ” на 7 февруари кога излегувала од автомобилот. Од спротивната насока наишол автобус кој не можел да застане и ја откина раката на новинарката , но лекарите успеаја да ја спасат без да ја ампутираат.

Треба да знаете
Последни објави