Жител на скопското село Драчево завршил во болница откако бил нападнат од соселанец со нож и стап, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 21 часот на улицата Партизански пат. Тогаш по меѓусебна расправија Б.Г (68) го нападнал Д.Т. (47) употребувајќи дрвен предмет и нож. Полицијата го привела напаѓачот, а на Д.Т. му е укажана помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.