Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, попладне во западните делови претежно со локален дожд и ретки грмежи, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Од таму додаваат дека ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 10 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје слично време, умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.