Вечерва претседателскиот кандидат од Алијансата за Албанците и БЕСА, Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Куманово. За време на средбата со граѓаните, тој беше придружуван од лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и од лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.
Река рече дека додека поминувал низ Куманово видел многу изпразнети патишта, затворени продавници, реклами на продавниците кои бараат работници. Најави дека планира да ја деприватизира и деперсонализира државата, за да не се испразни.
„Ова е тажно, со други зборови, до 2017 година од Македонија се исселија 250.000 граѓани, Предвидувањата на светска банка се дека до 2035 година 23 проценти од населението ќе биде раселено, за 10 години ќе бидеме 50 отсто ќе бидеме празна држава. Досегашните политики не посветиле никакво внимание на овој феномен. Се фалеа дека е намалена невработеноста, но јас видов денеска во Куманово продавници, кои работат, работа има колку сакате, но нема која да работи, бидејќи сите побегнаа во Европа. Еден од моите приоритети е да ја биде оваа држава, да станеме земја која преговора со ЕУ. Мојот концепт е за Републиката, ќе се обидам да ја деприватизирам државата, да ја деперсонализирам државата, за да не се испразни државата. Може да кажете
дека секој кандидат ветува, но ова се вистински ветувања, сметам дека без длабоки реформи во оваа земја нема да имаме Република“, рече Река.
Додаде дека 40 години во комунизмот велеле дека Албанцец не може да стане претседател на државата, 30 години по комунизмот повторно велат дека не е време за претседател Албанец, но по 20 години нема да има ниту Албанци во Македонија.
Претседателот на БЕСА, Билал Касами истакна дека тие им дале шанса и можност на Албанците да бидат гласани, а не само да гласаат.
„Македонија е на многу важна раскрсница, очекуваме да бидеме 30-та земја членка на НАТО и кој подобро од Блерим Река ќе не претставува. Тој има јасни ставови за тоа дали ни е потребна Западна или Источна Македонија. Ние ќе сведочиме на 21 април дека следниот претседател е Блерим Река“, рече Касами.
Зијадин Села рече дека му е тешко да зборува за Куманово, од причина што тука децата попрвин ја гледале
смртта уште пред да го видат животот.
„Тука е местото каде што албанските жени и мажи, често гледаат чад и крв. Куманово е место кое ќе покаже дека не е сè како што другите тоа ни го пласираат, но ние пораката ќе ја испратиме на 21 април, таа порака ќе покаже дека Албанците се уште имаат работи кои треба да ги решат. Да ги блокираме оние кои мислат дека има само еден начин да се избере претседател, кои поддржуваат еден концепт, кој го подржжа и во 2009 година, каде што Али Ахмети велеше да дадеме поддршка на Иванов, затоа што ВМРО ќе ни помогне во 2014 година да стане претседател Албанец. Истото се уште се случува, да го поддржиме концептот бидејќи можеби во иднина ќе биде избран претседател Албанец“, истакна Зијадин Села.