Гордана Сиљановска веќе се профилираше и се потврди како полтрон на Христијан Мицкоски. Нејзината агенда и нејзините ставови се идентични со ставовите на Мицкоски.
Исто како и Мицкоски, наутро Силјановска зборува дека Договорот од Преспа ќе го почитува, а навечер зборува против НАТО и ЕУ, против договорот од Преспа.
Гласот за Гордана Сиљановска е глас за нов Иванов, за нов политички полтрон, под контрола на Мицкоски и Груевски.
Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад, за нови блокади и деструкции.
Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој гледа и води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за напредокот да продолжи.