Канадски ФК Торонто ќе се обиде да го привлече крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен, тврди „Калчомеркато”. Робен веќе објави дека ќе го напушти германскиот гигант на крајот на сезоната кога му истекува договорот. Во моментов крилото се опоравува од уште една повреда и дури не е јасно дали воопшто ќе игра повеќе за Баерн до крајот на кампањата.
Во Италија, исто така, тврдат дека самиот играч сака да ја продолжи својата кариера во САД. Претходно се шпекулираше за интерес и од Интер, но Холанѓанецот не е склон да игра во Италија.
Претставници на ФК Торонто веќе се поврзале со Робен и спровеле прелиминарни разговори со фудбалерот, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.
Во моментов во Торонто играат имиња како Себастијан Џовинко, Жози Алтидор, Мајкл Бредли и сонародникот на Робен – Грегори ван дер Вил.