Адеми во Ватикан се сретна со монсињор Пол Ричард Галагер

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми кој престојува во работна посета на Италија и Ватикан, денеска се сретна со секретарот за односи со државите при Света Столица, монсињор Пол Ричард Галагер, информираат од Кабинетот на министерот.

На средбата биле потврдени пријателските односи меѓу нашата држава и Света Столица, кои се базираат врз значајни историски врски, заеднички споделени духови и културни вредности и традиции, и била истакната проактивната улога на Република Северна Македонија во промовирање на меѓурелигискиот дијалог и почитување на верските слободи.

Адеми го информирал соговорникот за приоритетите и целите на Владата, перспективите на европските и евро-атланските интеграции, како и за развивањето на изразени пријателски врски со соседите.

Тој меѓудругото потенцирал дека претстојната посета на апостолското патување на Папата Франциск во државата на 7 мај 2019, е историска за нас и истата испраќа силна порака за мир, солидарност и дијалог меѓу луѓето и народите.

За време на средбата биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред се во сферата на културата, заштита на културно-историското наследство, образование и здраство, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот.

Треба да знаете
Последни објави