Вотфорд успеа да нарпави страшен пресврт во полуфиналето на ФА купот и во самата завршница на мечот успеа да надокнади негатива од 2:0, откако најпрво Деулофеу намали на 1:2, а Дини израмни на 2:2 во 93-та минута.
Вулверхемптон влезе со значителна психолошка негатива во дополнителните 30 минути игра, а новата мајсторија на Деулофеу ги нокаутираше изморените „волци“ кои само неколку дена претходно имаа тежок меч со Манчестер Јунајтед. Вулвс беше далеку подобар тим до 60-та минута и се чинеше дека се има во свои раце, па разиграниот Раул Хименез си даде за право да изведе и поприлично чудна прослава која првично не ја сфатија најголем дел од медиумите.
Хименез стави маска на себе за која подоцна беше објаснето дека станува збор за традиционална маска која се користи во мексиканските борби, но сето тоа испровоцира и една брутална изјава од капитенот Трој Дини кој по крајот на натпреварот на „Вембли“ испрати зајадлива порака.
– Искрено, не знаев за тоа се додека вие не ми кажавте. Има дел од мене кој што сака да каже нешто вулгарно, но нема да го кажам. Мило ми е што ја ставил маската, сега може да ја носи истата како лузер. Нека ужива во маската, ние ќе уживаме во победата, – порача Дини.