Анчелоти: Ремито со Џенова, знак за тревога
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по синоќешниот нерешен резултат со Џенова (1:1) во рамките на 31. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат рече дека е време неговите избраници да се разбудат.
– Не мислам дека играчите не беа фокусирани на овој натпревар, бидејќи воопшто не зборувавме за Арсенал. Знаевме какви тешкотии би можеле да очекуваме, но она што се случи беше неочекувано. И покрај предноста од играч повеќе, ние бевме лоши во одбраната. Не го контролиравме натпреварот, бидејќи дозволивме противници да ги спроведуваат контра-нападите. Несомнено, ова е повик за будење за нас. Ако играме на овој начин со Арсенал, ќе имаме проблеми, изјави Анчелоти.
Наполи в четврток гостува во Лондон кај Арсенал во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на Европа на УЕФА.