Утрово околу 7 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(53) од Скопје и автобус марка „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(58) од Крушево.
Од ударот со тешки повреди се здобил возачот на камионот кој е пренесн во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид на местото на настанот.