ЕУ го казни „Џенерал Електрик“ со 52 милиони евра

Европските регулатори му одредија парична казна од 52 милиони евра на американскиот индустриски гигант „Џенерал Електрик“, поради давање неточни информации за време на преземање на данскиот производител на сечила за ветерни турбини – „ЛМ Винд“.

Компанијата пред две години побарала одобрение од ЕУ за купвање на „ЛМ Винд“, потенцирајќи дека развива само турбини од шест мегавати.

Врз основа на детални информации од други пазарни актери, ЕУ утврди дека тоа не е точно. „Џенерал Електрик“ потоа го повлекла барањето за одобрување на трансакции и повторно го поднел еден месец подоцна со повеќе податоци за идните проекти. ЕК одобрил преземање во 2017 година.
Четири месеци по тоа, Брисел н основа на првите пријави против „Џенерал Електрик“ покрена истрага за доставени погрешни податоци. Денешната одлука за казна е резултат од таа истрага.

Комисијата во 2017 година го казнила Фејсбук со парична казна од 110 милиони, поради давање неточни информации за време на купување на „Вацап“.

Треба да знаете
Последни објави