Медиумите во Италија пренесуваат дека Милан би можел да има значително изменет лик следната сезона со оглед на фактот што од раководството на клубот планираат да донесат неколку звучни имиња.
Се верува дека „росонерите“ ќе имаат дури 300 милиони фунти за трошење на трансфери, а шпекулациите говорат дека клубот ќе има и нов тренер за следната сезона.
Дури и да успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Џенаро Гатузо би можел да добие отказ, а него да го замени тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Наводно, лично Иван Газидис ќе се обиде да го убеди Покетино да се пресели во Милано со тоа што ќе му го вети веќе споменатиот трансфер буџет со кој би се изградил тим кој би му парирал на Јувентус кој и осма сезона по ред ќе ја освои титулата во Серија А.