Пожарот кој вчера вечерта избувна на Водно бил предизвикан од пожар кој претходно изубвнал во викенд куќа.
Според полицијата, вчера во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Шамак“, во близина на детската болница Козле, настанал пожар во двор на викенд куќа, сопственост на А.Т.(57) од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот целосно бил локализиран околу 00.20 часот.