Русинка се здоби со тешки телесни повреди, но, зачудувачки, преживеа пад од висина од околу 30 метри, а трагедијата со среќен исход се случила додека се обидувала да направи селфи на ризична локација, пренесува РТ.
Несреќата се случила во сибирскиот град Тјумен доцна во саботата. Идентитетот на девојката и нејзината возраст не ае откриен за јавноста и нема официјален извештај за околностите или причините за несреќата.
Сепак, една страница на социјалната мрежа „Вконтакте“, која се фокусира на инциденти во Тјумен, пишува, цитирајќи очевидци, дека девојката се обидувала да направи селфи на ризична локација. Други тврдат дека група момчиња ја држеле девојката, потоа ја пуштиле. Останува нејасно дали девојката висела на надворешната страна од зградата или се слизнала од прозорец.
Желбата да се направи кул снимка во универзалната потрага по лајкови на Интернет може да биде опасна – па дури и фатална. Една неодамнешна студија за смртни случаи поврзани со правење селфи покажа дека Индија е на прво место со околу 160 случаи за шест години. Русија, пак, е на второ место – со 14 загинати додека правеле селфи.