Група од осум мигранти успеале да најдат дупка во обезбедувањето на воздухопловната база „Шивре“ во Белгија и да влезат во комплексот пред да бидат уапсени,пренесува РТЛ Инфо.
Според медиумот, сојузната полиција потврдила дека мигрантите се сокрилево германски камион кој доставувал делови за воена инсталација на американските воздухопловни сили и дека биле откриени од возачот на камионот.
Овој инцидент очигледно се случил поради пропуст на безбедносниот персонал на базата кој морал да го провери товарот на камионот по пристигнувањето на возилото на влезот на базата, но поради некоја причина не го сториле тоа.
Според РТЛ, администрацијата на базата не го коментирла инцидентот.
Мигрантите – пет мажи, една жена и две деца – се сите ирачки државјани, и во овој момент останува нејасно дали биле свесни за крајната дестинација на камионот во кој се криеле.