Афера „елитни колеџи“: На актерката ѝ се заканува затвор поради мито за упис на колеџ

Холивудската актерка, Фелисти Хафман и уште 12 богати родители ќе се изјаснат за виновни за давање на мито со цел да ги запишат своите деца на колеџ, јави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на федералното обвинителство во Бостон.

Најголемата афера досега, во врска со приемот на студенти на колеџ, стана предмет на кривично гонење во САД, а на врвот на листата од 50 лица кои подмитувале тренери на колеџот и луѓе од центарот за тестирање за да им помогнат на нивните деца да се запишат на најелитните колеџи во САД, се најдоа холивудските актерки Хафман и Лори Лафлин.

Хафман, која е ѕвезда од серијата „Очајни домакински“, според обвинувањето, уплатила 15.000 долари на лажна добровотворна организација поврзана со консултантот за прием, за да овоможи местење на резултатите на тестовите САТ за нејзината ќерка.

„Си-ен-ен“ наведе дека на Хафман и се закнуваат и до 20 години затвор, но поради признацањето на вината, сојузните обвинители ќе бараат што е можно пониска затворска казна, парична казна од 20.000 долари и 12 месеци условна казна.

Актерката наведе дека ја прифаќа вината и ќе ги прифати последиците.

Лори Лафлин, исто така е меѓу обвинетите. Обвинета е дека платила речиси 500 илјади долари, за апарати и фиктивни профили на двете ќерки во тимот во веслање на престижен универзитет во Калифорнија, иако и двете никогаш не се занимавале со овој спорт. Таа не е меѓу оние кои се прогласени за виновни.

Треба да знаете
Последни објави