Воена интервенција во Венецуела може да доведе до герилска војна, изјави бразилскиот претседател Јаир Болсонаро во понеделникот за радиостаницата „Ховем Пан“.
„Ако зборуваме за хипотетичка можност за војна во Венецуела, треба да се сетиме на герилците, што е релевантно поради топографијата на територијата. Тешко е да се предвиди колку долго ќе потрае решавањето на таквата ситуација”, рече Болсонаро.
Тој потсети дека вооружените групи оперираат во пограничните региони, заедно со терористички групи и со нарко картелите.
Болсонаро потврди дека Бразил нема намера да се меша во внатрешните работи на Венецуела.
„Санкциите ќе помогнат во решавањето на политичката криза во Венецуела. Економското ембарго може да помогне да се собори владата рече бразилскиот претседател”, истакна тој.