Еве рецепт за колачиња кои можете да ги јадете и доколку постите, а освен што се вкусни – се подготвуваат и многу лесно.
Потребно е:
130 грама брашно
30 грама какао
Пола лажичка прашок за пециво
¼ лажичка сол
75 грама маргарин
170 грама кафеав шеќер
Четири лажици вода
Подготовка:
Ставете ги во сад и измешајте ги сите состојки: брашното, какаото, прашокот за пециво и солта. Потоа, растопете го маргаринот и помешајте го со шеќерот. Спојте ги маргаринот и шеќерот со сувите состојки, додајте вода и добро измешајте.
Плехот обложете го со хартија за печење и загрејте ја рерната на 180 степени.
Со раце направете топчиња од смесата и сплескајте ги со дланките. Наредете ги на плехот и печете ги околу десет минути.
Од оваа смеса би требало да добиете околу 20 колачиња.