Дали е паметно да дремнете попладне?

Додека некои луѓе обожуваат да си дремнат попладне, други сметаат дека дремнувањето попладне ќе им го поремети спиењето навечер. Што велат стручњаците?

Кети Медисон, психолог

Иако постојат докази дека поспаноста за време на денот е ран знак за пореметување на сонот или лошо здравје, попладневните дремнувања се добри за многу луѓе. После дремнувањето ќе се концентрирате подобро и ќе имате пододбра координација, пократко време на реакција, подобро лочичко размислување, памтење, расположение и контрола на емоциите.

Постојат и некои докази дека попладневното спиење може да го намали крвниот притисок кај некои луѓе. Избегнувајте спиење подолго од 30 минути, бидејќи во спротивно ќе ви се спие уште повеќе по будењето.

Мишел Олајт, психолог

Попладневните дремнувања може да бидат многу корисни и да ви помогнат да бидете поодморени, да памтите подобро и да бидете порасположени. И таа е согласна дека не треба да спиете подолго од 30 минути, за да не си го пореметите ноќното спиење.

Таа истакнува дека постојаниот замор преку ден може да биде знак за некој недијагностициран здравствен проблем.

Џенифер Заслона, психолог

Таа смета дека не би требало да спиете попладне, туку дека потребно е навечер да спиете доволно. Од друга страна, дремнувањето може да биде корисно доколку не сте спиеле доволно навечер.

Треба да знаете
Последни објави