Коце Трајановски купил фирма за 1000 евра, а „гратис“ добил парцела со куќа

Коце Трајановски купил фирма за 1000 евра, а „гратис“ добил парцела со куќа

360 Степени“ открива нови елементи во случајот што пред неколку дена го објави порталот „Призма“ за новата куќа на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во Ќерамидница, на самиот кеј на реката Вардар.

„Призма“ обелодени дека градежната дозвола е издадена во март 2017-та, во период кога Трајановски е градоначалник, а сопственик на парцелата е фирмата „Природна органска храна“.

Трајановски и неговата сопруга ја купуваат оваа фирма, а со тоа и парцелата на која веќе се градела куќа, во јуни 2018-та.

Договорот за целосно преземање на фирмата, според „360 степени“ води до нов сомнителен податокот, а тоа е дека екс скопскиот градоначалник и сопругата ја купиле фирмата, а со тоа и парцелата со куќа, за само 1.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави