Турската Врховната изборна комисија (ЈСК) го одби барањето на владејачката Партија на правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за пребројување на сите гласови во 31 истанбулски кварт, изјави денеска член на комисијата.
Турскиот претседател Ердоган вчера изјави дека разликата во бројот на гласови што ги освоија двата главни кандидати во Истанбул е премала за да може опозицијата да прогласи победа, и оти неговата партија бара повторно пребројување на сите избирачки места, односно во сите 39 окрузи во Истанбул.
Минатонеделните првични резултати од локалните избори одржани на 31 март покажаа тесна победа на главната опозициска турска Републиканска народна партија (ЦХП).
Претставник на АКП во ЈСК Реџеп Озел изјави дека комисијата се сложила за повторно пребројување на 51 гласачка кутија, распоредени во 21 од вкупно 39 градски квартови. Притоа, секоја гласачка кутија содржи по неколку стотици гласови.