Семејството Кардашјан го емитуваше своето реалити „Во чекор со Кардашјанови“ во изминатите 16 сезони, но според „Сан“, ова е крајот на шоу-програмата, бидејќи најмладиот член на кланот Џенер-Кардашјан веќе не сака да учествува во реалити шоу.
Кајли Џенер (21) се појавува во трејлерот за шеснаесеттата сезона, но откако Тристан Томпсон ја измами нејзината сестра Клое Кардашјан со нејзината најдобра пријателка Џордан Вудс, Кајли одлучи да се откаже од снимањето.
„Таа е многу вознемирена поради ситуацијата со Џордан и таа не сака да се справи со тоа”, рече пријател на Кајли.
Мајката на најмладата милијардерка, Крис Џенер, ја повикува да се врати на проектот и да го продолжи своето учество во шоуто.
Странските медиуми објавија дека една од причините за одлуката на Кајли се парите што ги заработи со својата козметичка линија, a семејството Кардашјан по повод написот досега не даде никаков коментар.
„Клои доби информации дека Тристан и Џордан се бакнуваат. Таа го нападна Тристан и тој конечно призна“, откри пријател на семејството по аферата на кошаркарот.