Во општина Карпош денеска се одржа редовна информативна средба за иницијативата за спас и обнова на спортската сала „Наум Наумовски Борче” – Партизан.
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев на средбата информирал за идејниот проект што локалната самоуправа го подготвува заедно со меѓународната невладина организација „Културно ехо” и архитекти од странство, кои на волонтерска основа се приклучија кон иницијативата.
– Примарната цел е општината да биде подготвена за обнова на салата, штом ќе биде вратена во сопственост на локалната самоуправа, соопшти Општина Карпош.
Богоев најавил дека општината ќе преземе активности и за проценка на статиката на спортскиот објект „Партизан”. Исто така, постои отворена можност, ревитализацијата на салата да биде финансиски поддржана и од Агенцијата за млади и спорт.
Во Иницијативата за спас и обнова на „Партизан” учествуваат повеќе засегнати институции, граѓанскиот сектор и стручната јавност (архитекти).
На средбата присуствувале советниците од Кабинетот на Премиерот, Ѓорѓи Тасев и Даниел Димески, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Шпенд Хајредини