Американскиот претседател Доналд Трамп го смени директорот на тајната служба Рендолф Алес, а на тоа место ќе го замени припадникот на таа служба Џејмс Мари, соопшти синоќа Белата куќа.
Смената на Алесе беше објавена само еден ден откако министерката за внатрешна безбедност, Кирстен Нилсен, поднесе оставка, поради притисокот врз ситуацијата на американско-мексиканската граница, објави „Би-би-си“.
Во изјавата, Белата куќа наведе дека Алес заминува, но не прецизира дали Трамп го отпуштил.
„Рендолф Текс Алеш има направено одлична работа во агенцијата во изминатите две години и претседателот е благодарен за повеќе од 40 години служење на државата”, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сендерс.
Како што е соопштено, Алес ѝ беше директно одговорен на Кирстен Нилсен, и како што беше соопштено од страна на американскиот КБС, од него е побарано пред десет дена да ја напушти службата.
Сепак, минатата недела Трамп рече дека не може да биде посреќен од работата на тајната служба.
Се претпоставува дека потсекретарката за внатрешна безбедност, Клер Грејди, автоматски би можела да биде ставена на негово место.