Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики на картелот, без право на збор секогаш кога неговиот господар Заев е со него, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски 102,5% се идентификува со неговиот господар Заев кој го избрал за да го продолжи и аминува ограбувањето на граѓаните и распродавањето на националните интереси. Пендаровски тврди дека не е продукт на договор помеѓу неколку лидери кои одлучиле тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев. Токму Зоран Заев и лидерот на ДУИ, кого го обвинуваше за криминал, одлучија со политички договор зад затворени врати тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев.
Пендаровски пред две години исто како Заев тврдеше дека ќе се намали младинската невработеност и ќе се подобри стандардот на младите. Младинската невработеност не е намалена. Младите се повеќе се иселуваат. Пендаровски лаже како Заев, тие се 102.5% исти. Заев ветуваше просечна плата од 500 евра. Просечната плата е далеку од 500 евра и после две години откако тој ја презема власта. Пендаровски и Заев се исти. Заев лаже и Пендаровски лаже.
Граѓаните секојдневно се соочуваат со последиците од погрешните политики во економијата на СДСМ. Нема нови работни места. Нема подобар стандард. Граѓаните почнаа да гледаат единствена опција во иселувањето.
Според податоците на германската амбасада, истата издава скоро 20.000 работни визи годишно, тоа се пред се млади луѓе, од кои голем дел и трајно се иселуваат. Заев излажа кога кажа дека ќе ги врати младите. Иселувањето не само што не е запрено, туку е и забрзано. Заев излажа. Заев и Пендаровски се 102.5% исти во лажењето. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Државата мора да тргне напред. Гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас против лошите политики на власт. Глас за право и правдина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.