„Гастро опскура”: Симит погачата омилен појадок во Скопје

„Гастро опскура”, интернет-страница која пишува за необични закуски од цел свет, во еден од своите последни написи, се фокусира на Скопје и она што е карактеристично за него – симит погача.

– Симит погачата е омилен појадок во Скопје. Пекарот отвора лепче, го полни со парче бурек и го служи како сендвич. Без месо, без сирење, без сос, само леб, се наведува во текстот.

Тоа и го разликува од бурекот кој обично содржи сирење, месо или зелје.

На крајот, порталот препорачува туристите едноставно да не го напуштаат Скопје без да пробаат симит погача.

Треба да знаете
Последни објави