Дождот го зголеми нивото на реките

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за април, но бележат пораст во однос на вчера, покажуваат последните податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.

Водостоите на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисоко од вообичаеното. Сепак, кај водостоите на трите природни езера нема промени во однос на вчера.

Треба да знаете
Последни објави