Ливерпул рутински славеше со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони на домашен терен против Порто.
Домаќините уште во 5.минута постигнаа гол преку Кеита, откако еден од бековите на португалскиот тим со нога ја заврте во небранетиот дел од мрежата на Касилјас. Ливерпул продолќи со исто темпо, па Фирмињо од прекрасна акција во 26.минута погоди за 2:О, а Бразилецот беше асистент при првиот погодок.
Во вториот дел, Мане ја затресе мрежата на Порто, но голот беше поништен поради офсајд, а на спротивната страна Ловредн играше со рака, но со ВАР беше утврдено дека немал намера па не беше досуден пенал.