Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Тетово кажа дека на 21 Април ВМРО ДПМНЕ победува на претседателските избори и дека ова го базира на победничката енергијата што е присутна низ градовите и местата што досега биле посетени. Мицкоски потенцираше дека на 5 – ти Мај професорката Гордана Силјановска Давкова е идниот Претседател на Република Македонија.
-Ми претставува посебна чест и задоволство вечерва што сме овдека во Тетово за да можам она што го видовме она што го слушнавме и она што го почувствувавме изминативе денови за време на оваа претседателска кампања, но и сето она кое што го слушавме, почувствувавме видовме за жал не секогаш тоа беше убаво изминатите месеци ширум Македонија да го пренесеме денеска оваа вечер овде во Тетово и да го споделиме со вас, а тоа е една убава вест а тоа е на 21 браќа и сестри победуваме. Победуваме и професорката Гордана Силјановска Давкова на 5-ти Мај е идниот Претседател на Република Македонија, кажа Мицкоски.
Христијан Мицкоски појасна дека Зоран Заев континуирано лаже и ги извртува фактите , и дека граѓаните тоа го гледаат. Мицкоски потенцираше дека достоинството на граѓаните не е на продажба и дека нема таква цена со што може тоа некој да го плати.
-Зоран Заев , ќе го прокоментирам во три работи кои што се дел од неговиот репертоар за заевизмот. Го гледам пред некој ден во Битола беше гостин гостуваше на митингот на неговиот деспотски избран кандидат господинот Пендаровски и рече на телевизија не им дадовме предвремени парламентарни избори затоа што ќе не искршеле, Не само што ќе ве оддувавме како бура ако ги распишевте туку таа бура ќе биде толку силна што на следните парламентарни избори нема да знаете што ве снашло господнине Заев. Потоа вели во истото тоа интервју дека не било точно оти он ми нудел 5 министерски места а претходно на една друга телевизија тврдеше дека жив не би правел техничка влада. Но јас го потсетив дека тоа беше јулски ден топол и заедно во клубот на пратеници преговаравме, разговаравме дискутиравме во тоа време за актуелните политички теми и после неколку часовно договарање и преговарање господинот Заев ми рече ајде да ја поделиме власта. И тогаш но и сега ќе му кажам оваа работа господнине Заев јас не ја правам ниту за бели дворци, ниту за златници, ниту за слава ниту за моќ. Јас сум човек со чест и достоинство, овие луѓе овде се честити луѓе со достоинство и за нас нема цена со која што и едно министерство би делел со тебе. Нема таква цена господнине Заев, објасни Мицкоски.
Тој додаде дека неправда е во Македонија што има толку луѓе кои се разочарани и масовно ја напуштаа земјата заради тоа што ги мачи прашањето за тоа каде се движи татковината. Претседателот Мицкоски истакна дека сите ветувања што ги даде Заев пред граѓаните воопшто не ги исполни.
-Неправда е во Македонија излажани сограѓани демотивирани луѓе кои масовно се селат и ја напуштаа татковината , луѓе кои што се соочени со прашањето дали ќе не биде или не. Најголемиот дел од нив одлучуваат да ја напуштаат татковината трајно да си ги земаат семејствата со себе. Благодарение на вашите погуби опустувачки политики трајно се иселија голем број на граѓани. Неправда е кога ќе им ветувате на младите студентска гаранција, кога ќе им ветувате на младите поквалитетно образование реновирани студентски домови а кога ќе дојдете на власт бегате од тие ветувања како ѓавол од темјан. Неправда е кога ветувате реновирање на болници, и 100 илјади денари просечна плата за докторите а денеска нашите доктори ги полнат клиниките во Европа, истакна Мицкоски.
Христијан Мицкоски порача дека треба да се врати македонизмот во Македонија и дека на ВМРО ДПМНЕ му е потребна победа на претседателските избори која е извесна за потоа да се случат предвремени парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе го претстави својот план за развој на државата кој ќе понуди совршени решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.