Партијата на Ердоган ќе бара прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе бара прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул, поради наводни нерегуларности при гласањето на 31 март, јави ДПА.

– Ќе побараме прегласување на изборите во Истанбул. Имаше инциденти кои влијаеја на изборните резултати. Имаме многу докази за тоа, изјави потпретседателот на АКП, Али Ихсан Јавуз.

Тој нагласи дека законот им овозможува на партиите да бараат прегласување во случај на нерегуларности што можат да влијаат на резултатите од изборите.

Најавата на АКП следи откако Врховната изборна комисија го одби претходното барање на партијата за пребројување на сите гласови во 31 истанбулски кварт.

Ердоган вчера изјави дека разликата во бројот на гласови што ги освоија двајцата главни кандидати за градоначалник на Истанбул е премала, за да може опозицијата да прогласи победа и оти неговата партија бара повторно пребројување на сите избирачки места, односно во сите 39 окрузи во Истанбул.

Минатонеделните првични резултати од локалните избори одржани на 31 март покажаа тесна победа на кандидатот на главната опозициска сила во Турција, Републиканска народна партија (ЦХП).

Треба да знаете
Последни објави