Книгата „Културна фабрика (Огледи за родот, градот и популарната култура)“ од Ана Мартиновска беше промовирана во клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар.Книгата содржи избор од осумдесетина авторски колумни на родови и културолошки теми, кои се објавувани во неделникот „Глобус“ и во дневниот весник „Нова Македонија“,
„Културна фабрика“ има за цел да проговори за болките и предизвиците на современата култура, сфатена во најшироката смисла на зборот.
Издавач е Институтот за македонска литература при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Фото: Слободан Ѓуриќ