Руското обвинителство побара 14-годишен затворска казна за норвешкиот државјанин Фроде Берг, кој е обвинет за шпионажа, изјави обвинителот Милана Дигаева , пренесува „Спутник“.
„Барав затворска казна во траење од 14 години. Пресудата ќе биде објавена на 16 април”, рече обвинителот.
Берг ги негира обвинувањата.
Пензионираниот норвешки граничен инспектор Фроде Берг (62) беше уапсен во Москва во декември 2017 година. Тој е обвинет за вмешаност во шпионажа на руската Северна флота и беше уапсен на туристичко патување.
Руските власти веруваат дека тој служел како курир за да донесе документи и пари за единицата за воено разузнавање на Норвешка, позната како „Е-тјенестен“.
Според неговите адвокати, Берг, кој се соочува со најмалку шест години затвор, но може да биде осуден на 20 години, негира дека е шпион.