Салма Хаек со многу фанови на Инстаграм сподели две фотографии од Ровињ, каде што пристигна на снимање на филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard”, кој треба да се прикажува во кината следната година.
Холивудската ѕвезда позираше на брод, облечена во цветен фустан со распуштена коса, а фотографијата ја сподели со повеќе од 9,6 милиони следбеници на „Инстаграм“ и за помалку од 24 часа доби повеќе од 400.000 лајкови.
https://www.instagram.com/p/BwAPntiFw6L/
На сетот на холивудскиот филм вчера се снимени Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон, а вториот се огласи и на социјалните мрежи, и тоа го пренесоа бројни странски медиуми.
„Оваа локација изгледа ветувачки. Хрватска е убава на прв поглед”, напиша Џексон на Инстаграм откако пристигна во Ровињ и објави три фотографии од истарскиот град.
„Пристигнавме на нова волшебна локација”, напиша Салма Хаек со фотографијата на која е во прегратка на Џексон, првата што ја сподели од Хрватска.