Фудбаерите на Тотенхем славеа со 1:0 над Манчестер Сити на својот нов стадион во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Шампионите.
Сепак, победата е со горчлив вкус, бидејќи Тотенхем остаа без капитенот, Хари Кејн, кој поради повреда го напушти натпреварот во 55.минута.
Натпреварот подобро го отворија гостите, а Агуеро промаши пенал откако судијата со помош на ВАР оцени дека Роуз играл со рака во шеснаесетникот. Лорис го прочита Аргентинецот и го одбрани неговиот шут, по што домачините почнаа да доминираат. Со исто темпо продолжија и во вториот дел, иако повредата на Кејн, кој претрпе многу удари од противничките играчи, го поремети ритамот.
Сепак, Кореецот Сон постигна гол во 78 минута, исто така по спорноа ситуација, откако прво ја прими на работ од шеснаесетникот за сантимтри од офсајд, а потоа со топата излезе преку гол линијата, но не со цел обем, по што шутнираше и ја погоди мрежата на гостите.