Хрватски свештеник вели дека мастурбацијата и оралниот секс се перверзии во бракот. Тој смета дека верниците треба да се подготват на одредени прашања, пред да одат на исповед пред некој свештеник.
„Мастурбација-задоволување, порнографија и перверзии во брачниот однос ( орален однос) и колку пати сте ги имале, се само дел од прашањата кои што треба да се запрашате пред исповед, а потоа треба да ги споделите одговорите на тие прашања со свештеникот кој ве сослушува“ велат упатствата на Дон Јосип Радиќ.
Но, според Радиќ, тоа не единственото кое што луѓето би требало да го споделат со попот ако сакаат да добијат спас на душата, кој свештениците го ветуваат.
Исто така треба откриете дали сте учествувале во извршување на абортуси или еутаназија и ако сте, колку пати сте го сториле тоа. Немојте да мислите дека сте се извлекле ако зад себе немате абортуси или еутаназии, Радиќ препишал уште неколку гревови, а за сите од нив, го интересира само едно прашање: „Колку пати?“.
„Пазењето од зачнување во бракот: прекин на односот, користење презерватив, таблети? Колку пати? Стерилизација“ набројува Радиќ.
Тој ја споменува и облеката која ја смета за грешна.
„Дали со разголеноста со проѕирната облека или тесната облека сте навеле други на грев?“ прашува Радиќ.
Тој не појаснува дали се брои секој пат кога некој носел облека припиена за тело или само кога навел некој друг на грев. Иако оплодувањето е потпомогнато од медицината и тоа донесе голема радост кај семејствата, за Радиќ сте грешник ако само го поддржувате тоа. Според него Јогата е лоша и окултна пракса, на исто ниво како и разговорот со паднатите ангели, додека оралниот однос е перверзија во бракот.
Неговата теорија предизвика реакции на социјалните мрежи.
„Ајде католици….колку пати?“, „Каква е ситуацијата со оралниот однос надвор од бракот- прашувам за пријателка“, “Дали е грев кога наговоруваш некого да ти ги прераскаже своите сексуални доживувања и опише што и колку пати правел“ се дел коментарите под фотографијата која ги остави без здив.