Renault sport го носи првиот Twingo CUP во Македонија

Twingo CUP Eurocup ја стартува својата петта сезона, на која оваа година се приклучува и нашата земја и тоа со трки како дел од Автомобилистичката Федерација на Македонија.

Renault sport како организатор на Twingo CUP, официјални претставници на LEMA RACING TEAM и група претставници на медиумите се упатија кон тркачката патека во Серес, Грција каде се одржа првото промотивно возење на моделите од страна на натпреварувачите.

Претставниците од Lema Racing Team одржаа темелно претставување на моделот на возачите како и се одржа официјална презентација на правилата на учество за престојните трки за учесниците.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Треба да знаете
Последни објави