Владата одлучи: Стадионот се преименува во Национална Арена „Тоше Проески“

Владата на денешната седница одлучи да го преименува стадионот „Филип Втори“ во Скопје во Национална Арена „Тоше Проески“.

„На денешната редовна 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти Владата.

Најголемиот спортски објект кај нас, оригинално познат како Градски стадион, во 2009 година беше преименуван во Национална Арена „Филип Втори“, а во 2016 и 2017 година беше познат како „Телеком Арена“ поради спонзорството на Македонски Телеком.
Треба да знаете
Последни објави