Владата на денешната седница на барање на Собранието донесе одлука да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година, предложена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Образложението е дека Стратегијата не е усогласена со другите стратешки документи за развој на оваа област и се предлага таа да биде ревидирана.